• четврток, 26 декември 2024

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред Ковид-19, економското опоравување, миграциите и надворешните односи

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред Ковид-19, економското опоравување, миграциите и надворешните односи
Брисел, 24 јуни 2021 (МИА) – Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе го започнат дводневниот Самит, последен под претстедателство на Португалија, на чиј дневен ред се прашања поврзани со состојбата со Ковид-19, економското опоравување во посткорона периодор, миграцијата и надворешните односи, пред се со Турција и Русија. Самитот почнува попладне и на стартот е предвидено лидерите на ЕУ да имаат работен ручек со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на кој ќе разменат мислења за глобалните предизвици и геополитичките прашања. - Опоравувањето од пандемијата со Ковид-19, како во ЕУ, така и во светот, ќе биде клучна тема. Успешната кампања за вакцинација што е во тек низ цела ЕУ, заедно со лансирањето на дигиталниот ковид-сертификат, ќе го олесни слободното движење во текот на летните месеци и пошироко. Сепак, треба внимателно да ги следиме варијантите и да го спречиме нивното ширење на координиран начин, се наведува во поканата за Самитот упатена до лидерите на ЕУ. Во делот на стратегијата за постковид економското заздравување, на средбата ќе стане збор за имплементацијата на планот „Следната генерација на ЕУ“, како и за националните планови за закрепнување, зелените и дигиталните транзиции на Унијата, како и за плановите за раст на блокот во следните децении. Предвидено е учесниците на Самитот да говорат за прашањата со миграцијата и состојбата на различните рути по кој мигрантите се упатуваат кон ЕУ. - Нашата цел продолжува да биде да спречиме загуби на животи и да го намалиме притисокот врз границите на ЕУ. Затоа, ќе се фокусираме на надворешната димензија, со цел зајакнување на нашата соработка со земјите на потекло и транзит. Треба да спроведема акција што брзо ќе донесе резултати, се додава во поканата. Што се однесува до меѓународните прашања, лидерите на ЕУ ќе се разговараат за односите на блокот со Турција и Русија, за состојбата во Белорусија, како и за случувањата во Либија, реонот на Сахел и Етиопија. Во текот на утрешниот ден предвидено е лидерите на ЕУ да се сретнат со првите луѓе на Европската централна банка и Еврогрупата, при што ќе разговараат за поттикнување на силно и одржливо економско закрепнување, за пазарите на капитал, како и за координација на политиките во Еврозоната. Прашањато за проширувањето за ЕУ со земјите од Западен Балкан не е на официјалниот дневен ред на Самитот, откако во вторникот на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) Бугарија не отстапи од својот став за околу ветото за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија. По ваквата одлука на ГАК, португалската државна секретарка Ана Паула Закариаш, која претседаваше со состанокот, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Северна Македонија врз основа на овој предлогот на Португалија. - Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции, рече Закариаш во вторникот алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржа истито ден во Луксембург со Србија и Црна Гора. Закариаш на прес-конференција по состанокот не одговори на прашањето дали лидерите на ЕУ на Самитот што почнува денеска ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, како и дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Северна Македонија. Сепак, како што јави дописничката на МИА од Брисел, иако не е официјална точка на дневен ред, се очекува на маргините на Самитот, некои земји да се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го промени ставот на Бугарија. Во вторникот и шефот на дипломатијата Бујар Османи оцени дека можноста да се добие почеток на преговори за членство на Самитот на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, но потенцира дека претседателот Радев има целосен политички мандат и можност да го повлече ветото, односно на лидерската средба да се донесе одлука за страт на пореговорите. - Не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни, посочи Османи, додавајќи дека се јасни ставовите на останатите 26 членки, за неоправданоста на ставот на Бугарија и сметаат дека Северна Македонија одамна ги има исполнето условите и е крајно време да ЕУ да испрати јасна пораката кон регионот. сп/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан