• сабота, 21 декември 2024

Движење Беса од Желино:Градоначалникот Сејдиу во новиот мандат со проект за рециклирање на сметот

Движење Беса од Желино:Градоначалникот Сејдиу во новиот мандат со проект за рециклирање на сметот
Тетово, 13 октомври 2021 (МИА) - На предизборен митинг Движење Беса ги претстави кандидатот за градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу и кандидатите за советници предводени од носителот Бујар Бафќари. Блерим Сејдиу, кој досега беше градоначалник, истакна дека имал пречки во раководењето со општината, но поставил модел за работа според кој Движењето Беса ќе ги ракводи Тетово, Теарце, Боговиње и други. - Ние не бараме мандат за личен каприц, никој не бара индивидуален мандат, ние ви служиме вас, тотално сме биле во служба на вас во изминативе години. Во општина Желино за осум години колку што тие беа на власт, не може да се споредат со четири години на наше владеење. Спроведовме морал, етика, успех, ја направивме општина за пример, од пропадната општина станавме прва општина на републичко ниво во реализација на проекти. Има уште многу за работење, имаме план програма и за идните четири години. Ако во овие четири години без централна власт достигнавме толку многу, замислете вие колку повеќе проекти ќе можеме да реализираме, ќе се гордеете со нас и нема за застанеме тука, додека и последниот граѓанин не го направиме горд на нас, рече Блерим Сејдуи пред жителите на населените места од Општина Желино. Биљал Касами, лидерот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово истакна дека Желино е пример на успешно менаџирање на општината од страна на Блерим Сејдиу. -Тука сме да го побараме вашиот глас за нашите кандидати со кои се гордееме, не дека се најмлади, туку дека се подготвени професионално, морално, доаѓаат од вас за да ви служат вас. Како што во општина Желино Блерим успеа да реализира многу проекти, тој успеа да реализира проект и за Општина Тетово. Реализирал проект, направил пат Блерим Сејдиу, а излегува да се фотографира Теута Арифи. Блерим има готов проект за рециклирање на сметот. За да се реализира тој проект ни треба поддршка на почетокот од Општина Желино, потоа Теарце, Тетово, Боговиње, Врапчиште, Гостивар и сите тетовски општини. Сега со поддршка на централната власт многу брзо ќе се реализира проект за изградба на Центар за култура. Тоа не се реализира зошто беше опозициски градоначалник, истакна Касами. Пред присутните се обратија и носителот на листата и дел од кандидатите за советници, како и генералниот секретар на партијата  Арианит Хоџа. ас/цр

Остани поврзан