• четврток, 26 декември 2024

Движењето Беса го поддржува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада

Движењето Беса го поддржува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада
Скопје, 24 јануари 2022 (МИА) - Од Движењето Беса информираат дека го поддржуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада, поднесена денеска до Собраните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. - Владата на Република Северна Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички но и за економијата на земјата. Иницијативата за промена на законот за влада, односно бришење на деловите од законот за техничката влада како чекор пред парламентарните избори е многу битно и секако ќе ја има поддршката на пратениците од Движењето Беса, се вели во партиското соопштение. Оттаму потенцираат дека за да се обезбедат стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување, неопходно е земјата да оди на предвремени избори. - Го потврдуваме нашиот став дека на државата и се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување. За да се обезбеди тоа, повеќе од неопходно е земјата да оди на предвремени избори, затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што ја зафати и преку одржување на предвремени избори што е можно поскоро како единствено решение кое ќе донесе политички промени и ново мнозинство, стабилно и со јасна визија за иднината на државата, што оваа власт и мнозинството СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат, потенцираат од Движењето Беса. фф/дма/

Остани поврзан