Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
- Од инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, појаснија од СВР - Велес.
Кавадарци, 22 февруари 2026 (МИА) - Две угинати ретки птици мршојадци биле пронајдени во Кавадаречко, дадени се на обдукција за да се утврдат причините за угинувањето, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 11:25 часот во ОВР - Кавадарци, претставник од Македонско еколошко друштво пријавил дека во атар на село Гарниково, кавадаречко, биле пронајдени угинати две птици, мршојадци, што се заштитен и редок вид. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци, а од страна на инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, појаснија од СВР - Велес. свд/вј/
Фото: МИА архива