• среда, 25 декември 2024

Две третини од Американците сакаат Бајден да се повлече од изборната трка

Две третини од Американците сакаат Бајден да се повлече од изборната трка

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Две третини од Американците сакаат американскиот претседател Џо Бајден да се повлече од изборната трка, покажува најновата анкета на Еј-Би-Си-Њуз, Вашингтон Пост и Ипсос.

Анкетата е направена во време кога е зголемен политичкиот притисок врз Бајден по неговиот несигурен настап во ТВ дебата на 27 јуни со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.

Времето на објавување на анкетата би можело да биде значајно бидејќи во текот на денот е планирано демократите во Сенатот да одржат средба со претставници на кампањата на Бајден, откако сенаторот Питер Велч, највисокиот демократ, го повика Бајден да се повлече од трката, наведува неделникот „Њусвик“.

Анкетата, меѓудругото, покажува дека американската потпретседателка Камала Харис би имала добри шанси да го замени Бајден како претседателски кандидат, бидејќи нејзините резултати покажуваат дека 49 отсто од гласачите ја поддржуваат, додека 46 отсто го поддржуваат Трамп.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан