• недела, 01 септември 2024

Две награди од меѓународни изложби за уметникот Златко Крстевски

Две награди од меѓународни изложби за уметникот Златко Крстевски

Прилеп, 1 ноември 2022 (МИА) - Македонскиот ликовен уметник, карикатурист и стрип мајстор Златко Крстевски се закити со две награди од учеството на меѓународни изложби и манифестации.

Крстевски е добитник на награда од 10.јубилејно издание на меѓународната изложба на „Прес картун и визуал сатирикал артист“ во Темишвар, Романија и на награда од 8. издание на „Хитхи шоката е карикатуристиве“ за современа карикатура во Феријаз, Урошеваш од Косово. Наградата од Урошевац е специјална диплома за висока уметничка вредност.

????????????????????????????????????

Меѓународната изложба во Темишвар, Романија е поставена во националниот музеј Банат од Романија во соработка со „Интернационал де арте“ и со „Попа фондацијата“.

Уметникот Крстевски со свои дела учествува на бројни меѓународни изложби во светот. ем/ар

Остани поврзан