• четврток, 19 декември 2024

Две лица убиени, еден полицаец повреден при рутинска сообраќајна контрола во Сан Антонио

Две лица убиени, еден полицаец повреден при рутинска сообраќајна контрола во Сан Антонио
Сан Антонио, 17 април 2021 (МИА) - Две лица се убиени, а еден полицаец е повреден во Сан Антонио, Тексас, откако рутинска сообраќајна контрола се претвори во инцидент со пукање. Началникот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека полицаецот е сместен во болница и дека може да зборува, објави весникот „Хил“. - Би додал дека полицаецот е многу среќен што остана жив, затоа што беше погоден од непосредна близина и што беше ранет во раката, а не на друго место, рече Мекманус.
Тој додаде дека полицаецот, според прелиминарните извештаи, запрел автомобил во кој имало три лица. За време на контролата, возачот наводно извадил оружје и го удрил полицаецот во раката. Потоа полицаецот возвратил, убивајќи двајца млади кои седеле напред, додека лицето на задното седиште е хоспитализирано. Причината за пукањето не е позната, а камерата од полициската опрема покажува дека тој и возачот имале нормален разговор пред да започне пукањето. паг/    

Остани поврзан