• вторник, 24 декември 2024

Две лица со повреди од остар предмет примени во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје

Две лица со повреди од остар предмет примени во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вечерва во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата. Дел од медиумите претходно објавија дека во автобус на ЈСП број 51 во Скопје се случила тепачка меѓу малолетници, но од Министерството за внатрешни работи се уште нема информација за инцидентот. свс/лв/

Остани поврзан