• среда, 27 ноември 2024

Две лица се удавија во Перу во плимни бранови по ерупција во Тонга

Две лица се удавија во Перу во плимни бранови по ерупција во Тонга
Лима, 16 јануари 2022 (МИА) -  Две лица на северниот брег на Перу се удавија денеска поради многу високи бранови предизвикани од вчерашната ерупција на подводниот вулкан во Тонга, во Јужен Пацифик. Повеќе од 20 перуански пристаништа се привремено затворени поради предупредувања за можни многу високи бранови. Подводен вулкан во водите на Тонганските острови еруптираше вчера, по што беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави на Јужниот Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнаа и до Јапонија. Беше издадено предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската држава Хаваи беше погодена од „мали поплави“. Од вулканот висок 20 километри во петокот почнаа да еруптираат пареа, гас и пепел. Погодената област е со дијаметар од 260 километри. Плимниот бран од Тонга стаса и до Хрватска. Метеоролошките станици во Истра вчера забележаа ударен бран од вулканската ерупција во Тонга, соопшти Истрамет. Ударниот бран поминал 17.000 километри и патувал 15 часа. ссм/

Остани поврзан