• петок, 27 декември 2024

Две лица загинаа откако се урна мал авион во САД

Две лица загинаа откако се урна мал авион во САД

Вашингтон, 10 февруари 2024 (МИА) - Мал млазен авион се урна на автопат во американската сојузна држава Флорида и се запали, при што загинаа две од пет лица во него.

Темниот чад од млазниот авион Bombardier Challenger 600, кој се урна на јужната лента на автопатот I-75 во југозападна Флорида, се издигна неколку десетици метри и се прошири во околината.

Во соопштението на американската Федерална управа за авијација (ФАА) се наведува дека во приватниот авион имало петмина патници и дека причината за несреќата се истражува заедно со локалните власти.

Канцеларијата на шерифот на округот Колиер соопшти дека во несреќата биле потврдени два смртни случаи. Не се дадени детали за идентитетот на луѓето во авионот.

Се претпоставува дека авионот патувал од Охајо до Форт Лодердејл, Флорида.

Агенцијата за контрола на летање која работи во регионот објави дека на аудио снимка што ја поседуваат при последниот контакт на пилотот со контролната кула, тој рекол дека неговиот авион ги загубил двата мотори и не може да слета на аеродромот.

Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат дека властите интервенираат од воздух и од копно на местото на урнатините на авионот. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан