• четврток, 26 декември 2024

Две лица загинаа во руско гранатирање на Купјанск

Две лица загинаа во руско гранатирање на Купјанск

Харков, 9 ноември 2024 (МИА) – Две лица загинаа, а едно е повредено во руски воздушен напад врз Купјанск во областа Харков, соопшти регионалното обвинителство во Харков.

- Предкривичната истрага утврди дека вооружените сили на Русија денеска околу 11 часот извршиле воздушен напад врз градот Купјанск. Како резултат на гранатирањето, двајца случајни минувачи – маж и жена – паднале на жици од електрична мрежа. Избувнал пожар, а лицата починале на лице место. Деталите се утврдуваат. Најверојатно окупаторите го погодиле градот со прецизно наведувани бомби КАБ-1500, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Се додава дека во нападот биле оштетени приватни куќи и катни згради, комунални простории, уништени се 15 гаражи, а повреден е 61-годишен маж.

Обвинителството покрена истрага за кршење на законите и обичаите на војната. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан