• недела, 24 ноември 2024

Две кумановски основи училишта ќе добијат нови енергетско-ефикасни фасади

Две кумановски основи училишта ќе добијат нови енергетско-ефикасни фасади

Куманово, 14 август 2024 (МИА) - Привршува поставувањето на нови енергетско-ефикасни фасади во две кумановски основни училишта, соопштија денеска надлежните. Ангажираните екипи работат на поставување на нови фасади на училиштата „Христијан Карпош“ и „Толи Зордумис“.

- Во напредна фаза е поставувањето на енергетско-ефикасни фасади во ООУ „Христијан Карпош“ и ООУ „Толи Зордумис“. Во ООУ „Христијан Карпош“ моментално се работи и на реконструкција на подрумските простории, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Како што претходно соопштија од Секторот за образование, Општината аплицирала за овие проекти пред две години кои подоцна беа одобрени од Министерството за образование и наука. Надлежните очекуваат заштеда на електрична енергија и подобрување на условите за настава за учениците и вработените. Претходно заврши поставувањето фасади на Основното училиште „11 Октомври“, остануваат да се реализираат уште две, во училиштето „Браќа Рибар“ во село Табановце и во „Вук Караџиќ“.

Општина Куманово аплицираше за пет енергетско-ефикасни фасади, а за „Христијан Карпош“ и „Толи Зордумис“ поднесе проект и за пристапни рампи за лица со физичка попреченост. За „Толи Зордумис“ е опфатена и санација од претходни навлегувања на атмосферски води. ам/мд/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан