• среда, 13 ноември 2024

Две жртви, 18 повредени во експлозија во џамија во Кабул

Две жртви, 18 повредени во експлозија во џамија во Кабул
Кабул, 5 октомври 2022 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 18 се повредени во експлозија во џамија во главниот град на Авганистан, јавија дел од британските медиуми. Италијанска невладина организација за помош во итни случаи што води болница во Кабул, објави на Твитер дека примила 20 пациенти. Кај две лица веднаш била констатирана смрт. Џамијата се наоѓа близу добро чуваниот комплекс на Министерството за внатрешни работи. Неговиот портпарол Абдул Нафи Такор изјави дека, меѓу другите, џамијата е посетувана и од вработени во министерството. Авганистанската Влада сè уште нема соопштено што е причината за експлозијата во Кабул, каде изминатите месеци милитантите изведоа низа напади. бд/сд/

Остани поврзан