• сабота, 06 декември 2025

Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово

Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово

Куманово, 21 јули 2025 (МИА) – Повторно голем пожар има на улицата „Индустриска“ во Куманово на отпад за стари автомобили, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал попладнево, првин интервенирале три противпожарни возила.

- Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. Горат каросерии од стари автомобили и во околината сува трева, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив насекаде од повисоко од градот. На истата локација имаше пожар на 23-ти јуни годинава, тогаш го гасеа пет противпожарни возила, а кумановци се жалеа на неподнослив мирис. ам/ра

Фото МИА

 

Остани поврзан