Две девојки повредени по превртување на возило на автопатот Тетово-Скопје
- Девојки навозраст од 20 и 17 години од тетовско Копанце се повредени денеска околу 17. 45 часот, при превртување на возилото со кое се превезувале на автопатот Тетово-Скопје информираат од С
Тетово, 22 август 2020 (МИА) - Девојки навозраст од 20 и 17 години од тетовско Копанце се повредени денеска околу 17. 45 часот, при превртување на возилото со кое се превезувале на автопатот Тетово-Скопје информираат од СВР Тетово.
-На автоптатот во близина на Желино, атар на Сараќино, патничко возило опел корса со кое се превезувале две женски лица на 17 и 20 години од Копанце изгубило контрола по што се превртело на другата коловозна лента. Со возило на итната помош поради телесните повреди двете се однесени во Тетовската клиничка болница. Таму се задржани за лекарска опсервација, информираат од СВР Тетово.
Увидот е во тек со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода. ас/вг/