• недела, 01 септември 2024

Две гостински победи во Кавадарци на кошаркарскиот клуб Крива Паланка

Две гостински победи во Кавадарци на кошаркарскиот клуб Крива Паланка
Крива Паланка, 5 март 2022 (МИА) - Кошаркарките од КК Крива Паланка денес остварија две победи на гостувањето кај кавадаречки Пробаскет, една во натпреварот од Првата женска кошаркарска лига, вториот во јуниорска конкуренција. Прволигашкиот состав на кошаркарски клуб Крива Паланка ја потврди фаворитската улога на мечот, домаќините беа достојни противници во првите три четвртини, додека во последните десет минути од дуелот кривопаланчанки ја засилија одбраната и постигнаа двоцифрена резултатска предност што ја сочуваа до крајот, завршувајќи го натпреварот со резултат 56:66. Вториот натпревар КК Крива Паланка го играше исто така против ЖКК Пробаскет, во салата „Партизан“, а јуниорките на домашниот состав беа поразени со 55 разлика, 28-83. - На овој натпревар КК Крива Паланка им препушти солидна минутажа на паркетот на сите играчи од составот, се воигруваа и помладите од генерацијата 2006/07, така што сите имаа можност да ги покажат своите потенцијали, оправдувајќи ја довербата, информира тренерот и претседател на клубот, Ведран Белешковски. Во вториот ден од викендот, утре КК Крива Паланка ќе биде домаќин на натпреварот од сениорска машка лига. На програмата во 15 часот, во спортската сала „Бранители 2001“, Крива Паланка, утре, 6 март 2022, е дуелот од трета лига, КК Крива Паланка - КК Спорт тим од Неготино. Од клубот ги повикаа кривопаланчани да ги бодрат од трибините, а натпреварот ќе се организира согласно сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. ид/сп/

Остани поврзан