• четврток, 26 декември 2024

Двејн Џонсон најскапо платен „инфлуенсер“ на Инстаграм

Двејн Џонсон најскапо платен „инфлуенсер“ на Инстаграм
Лос Анџелес, 6 јули 2020 (МИА) - Холивудската ѕвезда Двејн Џонсон - „Карпата“ е најскапо платениот Инстаграм „инфлуенсер“, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи - Хопер ејч-кју. За една спонзорирана објава, американскиот глумец добивал и над милион долари. Со тоа тој ја надмина и најмладата милијардерка во светот - Кајли Џенер, чиишто тарифи достигнуваат околу 986.000 долари за објава. Следни во списокот најплатени „инфлуенсери“ се фудбалерот Кристијано Роналдо, супермоделката Ким Кардашијан, пејачката Аријана Гранде, Селена Гомез, Бијонсе, Џастин Бибер и Тејлор Свифт, како и фудбалерот Нејмар. Листата е создадена по разговори со славните личности, како и со компаниите. За одредувањето на цените се користат јавно достапни информации. Меѓу спонзорите на „Карпата“ се технолошкиот гигант Епл, производителот на спортска опрема Андер Армор и норвешкиот бренд за пакувана вода - Вос, каде што глумецот има свој удел.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан