• четврток, 26 декември 2024

Двете крајности што ѝ штетат на самостојноста кај децата

Двете крајности што ѝ штетат на самостојноста кај децата

Лос Анџелес, 23 август 2023 (МИА) - Поттикнувањето независност и самостојност кај децата, е исклучително важно, објаснуваат психолози, за кога малечкото ќе порасне - да биде подготвено за сѐ она што го чека... А, понекогаш родителите несвесно ја уништуваат независноста на своите деца преку образовни практики, пишува „Тајмс оф Индија“.

Како прво, детето нема да биде независно ако неговите родители претерано го штитат од сѐ. При она „претерано заштитништво“, детето „ќе трча“ кај родителите за секоја ситница, наместо да се обиде сам /-а да изнајде решение или да се справи со потешки околности. Психолозите нагласуваат дека родителите треба да го поттикнат детето да научи да се справува со своите проблеми, особено со малите нешта за коишто уделот на возрасните навистина не е неопходен.

Немањето јасни граници, како што велат стручњаците, е уште една грешка што многу родители ја прават и којашто негативно влијае на развојот на независноста на децата.

Имено, кога родителите имаат „лабави“ граници, децата се поттикнуваат да се борат за поголемо чувство за себе и претерана самостојност. Ова може да ги направи исто толку несигурни или нестабилни личности подоцна во животот.  си/

Остани поврзан