• четврток, 26 декември 2024

Два шумски пожари во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез

Два шумски пожари во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез

Атина, 4 октомври 2024 (МИА) – Вкупно 92 пожарникари и 16 воздушни средства интервенираат во гаснењето на двата шумски пожари на две локации во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, а превентивно беа евакуирани жителите на три населени места, јави дописничката на МИА од Атина.

Едниот пожар во областа Амалиада, според локалните медиуми е вон контрола, брзо се шири поради силниот ветер и е во непосредна близина на населено место, а во справувањето со огнените јазици ангажирани се 60 пожарникари со три пешадиски тима, 13 возила, три хеликоптери и седум авиони.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени две пораки до жителите во непосредна близина, за евакуација на три села, а втората до жителите на друго населено место да бидат во состојба на готовност.

Другиот пожар е источно од првиот, засега со помали размери, но интервенираат 32 пожарникари со еден пешадиски тим, 10 возила, еден хеликоптери и пет авиони. ср/

Остани поврзан