• сабота, 21 декември 2024

Два хеликоптери на МВР учествуваа во локализирање на пожарот во Кочанско со исфрлени 56 тони вода

Два хеликоптери на МВР учествуваа во локализирање на пожарот во Кочанско со исфрлени 56 тони вода

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска со два хеликоптера, Ми-171 и Бел 412, активно работеше на локализирање на пожарот во реонот на Кочани, поточно во близина на селата Соколарци, Врбјани и Жиганци, во кој беше зафатена површина од околу 2.500 хектари, претежно нискостеблеста шума и ливади, во понискиот дел од теренот, а постоеше опасност од пожарот да бидат зафатени куќи и бачила, кои се наоѓаа во непосредна близина на линијата на пожарот.

Како што информира МВР, почнувајќи од 16.00 часот, хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во 15 наврати исфрли повеќе од 38 тони вода, а хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски работи во 17 наврати исфрли 18 тони вода. 

-Во координација со противпожарните служби, останатите служби на терен и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување успешно беше спречено ширење на пожарот кон населените места и бачилата кои ги делеа само неколку метри од линијата на пожарот, соопшти МВР.вј/са/

Фото: МВР

Остани поврзан