• сабота, 16 ноември 2024

Два хеликоптера на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Два хеликоптера на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Скопје, 30 јуни 2024 (МИА) -Хеликоптер Ми-171 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево,  атар на Општина Василево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.

-Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МВР

Остани поврзан