• петок, 26 јули 2024

Два танкера се судрија кај брегот на Сингапур, испратени се противпожарни екипи

Два танкера се судрија кај брегот на Сингапур, испратени се противпожарни екипи

Лондон, 19 јули 2024 (МИА) - Два танкера денеска се судрија во близина на брегот на Сингапур, по што се запалија, соопшти Меѓународната поморска организација, наведувајќи дека се испратени противпожарни екипи.

И двајцата сопственици на танкерите го организираа спасувањето и гаснењето на пожарот, како и последователното влечење на бродот на безбедно. Поморскиот сообраќај не е засегнат, изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација, пренесуваат британските медиуми.

Засега не се знае дали имало загадување на водата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан