• недела, 06 октомври 2024

Два смртни случаја од западнонилска треска во Србија

Два смртни случаја од западнонилска треска во Србија
Белград, 8 август 2021 (МИА) - Две лица починаа од последици на западнонилска треска во Србија. Ова се први смртни случаи годинава од оваа болест во земјата, објави денеска весникот „Телеграф“. Жртвите се маж и жена на возраст од 63 и 50 години, кои претходно имале хронични болести. Покрај тоа, комарци кои го пренесуваат вирусот се откриени на шест места во градот Панчево, како и на две места во Белград. Лекарите бараат од граѓаните да ги избегнуваат овие области, а исто така да не се појавуваат на улица во најактивното време за инсекти - во зора и самрак. Експертите, исто така, ги повикуваат граѓаните да ги заштитат своите домови со мрежи и специјални средства. Градските власти во Белград веќе неколку дена наутро прскаат хемикалии на улиците во градот за да го намалат бројот на инсекти. Десетици луѓе умираат од западнонилска треска секоја година во Србија. Првпат болеста е регистрирана во Србија во 2012 година, оттогаш 1.032 луѓе се заразени во земјата, а 98 починале. Најлоша година беше 2018 година, кога починаа 29 лица, а вкупниот број на лабораториски потврдени случаи на болеста, која се пренесува од комарци, достигна 286. Западнонилската треска е акутна вирусна болест со период на инкубација од неколку дена до три недели. Болеста може да предизвика оштетување на централниот нервен систем во форма на менингитис или менингоенцефалитис, како и во форма слична на грип со главоболка, треска и болки во грлото. Вирусот се шири главно во тропските и суптропските региони, но неодамна стана честа појава и во нетропските земји. Вирусот главно ги погодува птиците, но и луѓето и многу цицачи, кои се заразуваат по убод од комарци. гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан