• среда, 25 декември 2024

Два руски авиона Ту-142 навлегле во воздушниот простор на Алјаска

Два руски авиона Ту-142 навлегле во воздушниот простор на Алјаска
Вашингтон, 30 март 2021 (МИА) - Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД) соопшти дека вчера идентификувала и следела два руски авиона Ту-142 кои навлегле во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Алјаска. НОРАД нагласи дека руските авиони „не го нарушиле суверениот воздушен простор на САД или Канада, туку се наоѓале во во меѓународниот воздушен простор. - Како и секогаш, НОРАД останува будена и подготвена да го заштити суверениот воздушен простор на Канада и на САД за да ги ограничи и елиминира потенцијалните закани за нашите воздушни и морски пристапи, се истакнува во соопштението на американската армија. Претходно, Северната флота на Русија соопшти дека два авиона Ту-142 за време на 11-часовниот лет поминале над водите на Северното Море и североисточниот дел на Атлантик, како и над Баренцово Море. Над Баренцово Море, тие биле придружувани од авиони-ловци Су-33. Додека за време на летот над Норвешко и над Северно Море, тие беа придружувани од норвешки и британски воени авиони. ми/

Остани поврзан