• петок, 13 февруари 2026

Два пораза за македонските млади фудбалери од Турција

Два пораза за македонските млади фудбалери од Турција

Анталија, 22.јануари 2026 (МИА) – Македонската репрезентација до 17 години одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција на гостински терен во Анталија. Избраниците на селекторот Влатко Колев загубија, минимално, со 1:0 и 2:1 на двата пријателски натпревари во спортскиот комплекс „Арслан Зеки Демирџи“.

На првиот дуел единствениот гол го постигна Шен.

На вториот натпревар, Турција постигна водечки погодок откако судиите не санкционираа очигледен прекршок над нашиот голман Денковски, а единствениот гол за македонската репрезентација го постигна Јаков Стојковски во 55. Минута. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан