• четврток, 05 февруари 2026

Два нови натпревара за Крива Паланка во регионалната лига

Два нови натпревара за Крива Паланка во регионалната лига

Славонски Брод, 25.октомври 2025 (МИА) – Кошаркарките на Крива Паланка денеска и утре ќе одиграа два нови натпревара од регионалната ВАБА 2. Во првите два натпревара на домашен терен Крива Паланка постигна две победи.

Овој викенд ни претстои вториот турнир од ВАБА 2 лигата. Ќе играме против два исклучително квалитетни противника, како екипите на Брод на Сави, претендент за висок пласман во ова натпреварување, и Рајфајзен од Австрија. Од моите кошаркарки ќе барам максимална борбеност на овие натпревари. Очекуваме позитивен исход од ова гостување, изјави тренерот Виктор Петровски.

Крива Паланка денеска од 17 часот го игра натпреварот против Рајфајзен, додека утре во истиот термин го играат дуелот со Брод на Сави. Крива Паланка и Рајфајзен се двете екипи со две победи и се начело на табелата. мн/

Фото: КФСМ

Остани поврзан