Два контролни дуели на македонските фудбалерки против Црна Гора
- Македонската женска сениорска репрезентација кон крајот на овој месец и почетокот на декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора, сооппти денеска Фудбалска фудбалската на Македонија (ФФМ).
Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) – Македонската женска сениорска репрезентација кон крајот на овој месец и почетокот на декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора, сооппти денеска Фудбалска фудбалската на Македонија (ФФМ).
Двата натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првата контролна средба е закажана на 30. ноември со почеток во 13. часот. На 3. декември двете селекции од 12. часот ќе ја одиграат и втората контролна пресметка.
Македонскиот селектор Александар Андов за претстојните два дуели повика 16 фудбалерки, предводени од капитенот Наташа Андонова. ег
ФОТО: ФФМ