• среда, 25 декември 2024

Два златни и два бронзени медали за Стаменковски од „Стрит воркаут“ турнир во Ваљево

Два златни и два бронзени медали за Стаменковски од „Стрит воркаут“ турнир во Ваљево
Македонска Каменица, 5 јануари 2020 (МИА) - Најуспешниот македонски Пауер-лифтинг и „Стрит воркаут“ натпреварувач Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, со четири освоени медали се враќа од Меѓународниот новогодишен турнир кој денес се одржа во Ваљево, Србија. Два од вкупно четири медали кои што ги освои каменичанецот се златни медали, додека останатите бронзени, што според Стаменковски е одличен резултат на почетокот на Новата 2020 година. -Златен медал освоив во правење склекови, дисциплина во која подолго време сум несовладлив, а исто така освоив злато во „пауер-кат". Бев бронзен во правење стомачни како и во таканаречената дисциплина „згибови". Задоволен сум од постигнатиот успех и очекувам добри резултати во моите понатамошни настапи, истакна Стаменковски. Друштво на ова натпреварување на Стаменковски му правеше вториот македонски претставник Атанас Дебников. На Меѓународниот новогодишен турнир во Ваљево настапија најдобрите натпреварувачи во Стрит воркаут од неколку балкански земји. вс/аа/

Остани поврзан