• петок, 27 декември 2024

Два земјотреса почувствувани во Штип и околината

Два земјотреса почувствувани во Штип и околината

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди ML3.0 и ML2.1 и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала се регистрирани рано утринава, во 03:24 часот и 04:11 часот, на 70 километри југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресите беа почувствувани од населението во Штип и околината. мд/

 Фото: МИА 

 

 

 

 

Остани поврзан