• петок, 26 јули 2024

Два земјотреса попладнево, почувствувани во Берово, Делчево и околината

Два земјотреса попладнево, почувствувани во Берово, Делчево и околината

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Два земјотреса чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 километри југоисточно од Скопје, регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

- Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан