• сабота, 23 ноември 2024

Два дена предавања и мастер-класови по гастрономија на Факултетот за туризам во Охрид

Два дена предавања и мастер-класови по гастрономија на Факултетот за туризам во Охрид

Охрид, 9 октомври 2024 (МИА) – Гастрономски брендови, најнови трендови во угостителството, висока гастрономија, креирање сезонско мени, што е бранч и кога се служи, специфики на балканската кујна...Тоа се темите на дискусија во рамки на осмото издание на манифестацијата „Гастромак и пријателите 2024“ што од денеска се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Етаблирани готвачки имиња од поранешните југословенски простори и пошироко, како и познати судии од Светската асоцијација на готвачи, пред заинтересираните ќе одржуваат предавања и мастер-класови. Уве Мишел, потпретседателот на Светската организација на готвачи Wacs, Вакс-судијата Изток Легат, Стево Карапанџа, Драгица Лукин, Жељко Невен Бремец,  Дон Давид, Вуко Митровиќ, Хамид Хаџиќ, Асан Даутовиќ ќе имаат предавања од областа на гастрономијата, Драгица Лукин ќе одржи мастер-клас по пекарство и слаткарство, додека Жељко Бремец, Хамид Хаџиќ и Никола Мишковски ќе ги подучуваат заинтересираните на темата Специјалитети на куќа со локални продукти (риба, месо и зеленчук).

Самата манифестација е осмислена во насока на мотивирање на студентите за професионална надградба, какои за унапредување на домашната гастрономска сцена.

Организаторите на настанот на студентите им порачаа да го искористат присуството на врвните шефови, за да научат нешто од нив, да ги искористат нивните практики и искуства за изградба на сопствена професионална готвачка кариера...

-          Инспиративните приказни на гастрономските бардови, се надевам дека ќе ви бидат инспирација и потстрек да направите нешто во животот...Искреирајте го својот живот работејќи го она што го сакате, верувам дека во гастрономијата не сте случајно. Искористети ги овие два дена за да научите нешто, да направите нешто што ќе ви ги смени животите. Има многу можности да се напредува, а луѓето кои се тука ќе ви ги дадат најдобрите совети кои ќе ве инспирираат да останете во татковината и тука да градите автентична приказна, рече Вања Тодоровска од „Гастромак“.

Иако наменети за студентите на ФТУ, влезот на сите содржини предвидени во рамки на настанот е слободен за сите заинтересирани.

Овој гастро-едукативен настан се одржува во коорганизација на „Гастромак“, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Општина Охрид. аб/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан