• вторник, 24 декември 2024

Двајца хуманитарци загинаа во напад врз конвој во ДР Конго

Двајца хуманитарци загинаа во напад врз конвој во ДР Конго

Бутембо, 2 јули 2024 (МИА) – Двајца вработени  во британската хуманитарна агенција „Tearfund“ загинаа во напад врз нивниот конвој што патувал низ провинцијата Северен Киву, во источниот дел на ДР Конго, јави нивната агенцијата без да даде други детали.

Конвојот бил нападнат по пристигнувањето во градот Бутембо. Провинцијата Северен Киву е богата со природни ресурси, поради што многу вооружени групи се борат за контрола над областа.

Таквата состојба само ја продлабочува хуманитарната криза поради која дури 2,7 милиони лица во оваа покраина мораа да се преселат.

Нападот врз конвојот го потврдија и претставници на локалните власти и додадоа дека во него изгореле пет возила, но не соопштуваат кој е одговорен за инцидентот.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан