• четврток, 26 декември 2024

Двајца хуманитарци во Иран осудени за шпионажа за ЦИА

Двајца хуманитарци во Иран осудени за шпионажа за ЦИА
Техеран, 4 февруари 2020 (МИА) - Две лица кои работат за една хуманитарна организација се осудени на затворски казни во Иран за шпионажа за американската Централна разузнавачка агенција, објави денеска портпаролот на иранското судство. - Двајца шпиони на ЦИА, кои работеа за една хуманитарна организација се идентификувани и осудени на 10 години затвор за шпионажа и пет години за постапување против националната безбедност, рече Голамхосеин Есмаили. Тој додаде дека имињата на осудените ќе бидат дополнително објавени по изрекување на пресудата. паг/

Остани поврзан