• среда, 25 декември 2024

Двајца француски рагбисти обвинети во Аргентина за силување

Двајца француски рагбисти обвинети во Аргентина за силување


Мендоза, 12 јули 2024 (МИА) – Обвинителството во Мендоза поднесе обвинение против француските рагби играчи Хуго Аураду и Оскар Јегу за силување извршено по натпревар во Аргентина, соопштија денеска правосудните органи, додавајќи дека им се заканува затворска казна до 20 години.
„Одделот за јавно обвинителство во Мендоза, одговорен за сексуални злосторства, поднесе официјално обвинение против двајца француски државјани, кои се цел на истрага за сериозно сексуално насилство“, се вели во соопштението.
Рагбистите признаа дека имале сексуални односи, но негираат каква било форма на насилство.
Инцидентот се случил минатиот викенд во хотел во Мендоза каде што биле сместени рагбистите по натпреварот против Аргентина.
Жената, Наташа Романо, ги тужи рагбистите за особено грубо сексуално насилство со физички повреди нанесени со тупаници. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан