• четврток, 26 декември 2024

Двајца работници се здобиле со повреди при извршување работи во фирма во Скопје

Двајца работници се здобиле со повреди при извршување работи во фирма во Скопје

Скопје, 19 јануари 2024 (МИА) - Во СВР Скопје, вчера, во 08.30 часот било пријавено дека во приватна болница во Скопје со повреди биле донесени Н.Т.(26) и В.М.(33), двајцата од Скопје.

Според пријавеното, како што наведуваат од МВР, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба – Скопје.

Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан