• среда, 25 декември 2024

Двајца пилоти и цивил загинаа при уривање на ирански борбен авион

Двајца пилоти и цивил загинаа при уривање на ирански борбен авион
Техеран, 21 февруари 2022 (МИА) - Двајца пилоти и еден цивил загинаа, откако ирански борбен авион се урна во населено место, на северозападниот дел од земјата. Како што јави агенцијата Ирна, авионот Ф5 се урнал близу стадион во населеното место Табриз. Властите покренаа истрага за овој инцидент. Иранските воздухопловни сили имаат повеќе воени авиони, произведени во САД, а набавени пред исламската револуција од 1979 година. Тие, исто така, имаат и авиони МИГ и Су, произведени од Русија. бд/паг/

Остани поврзан