• среда, 18 декември 2024

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

Техеран, 19 мај 2024 (МИА) – Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет.

Во меѓувреме иранското Министерството за информатичка и комуникациска технологија соопшти дека го идентификуваше местото на несреќата во радиус од два километри. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан