• недела, 24 ноември 2024

Двајца новинари добитници на Нобеловата награда за мир

Двајца новинари добитници на Нобеловата награда за мир
Стокхолм, 8 октомври 2021 (МИА) - Нобеловата награда за мир за 2021 година им е доделена на главниот и одговорен уредник на независниот руски весник „Новаја газета“, Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса, соопшти Нобеловиот комитет. Тие се наградени за „напорите за заштита на слободата на говорот, што е предуслов за демократија и траен мир“. - Реса и Муратов ја добија наградата за мир за нивната храбра борба за слобода на говорот на Филипини и во Русија. Во исто време, тие ги претставуваат сите новинари кои го поддржуваат овој идеал во светот, во кој демократијата и слободата на медиумите се соочуваат со се понеповолни услови, се наведува соопштението за Нобеловата награда за мир. Претходниот добитник на Нобелова награда за мир од Русија беше Михаил Горбачов во 1990 година. Ана Политковскаја, која беше убиена на роденденот на Владимир Путин во 2006 година, работеше за „Новаја газета“. ми/

Остани поврзан