• четврток, 26 декември 2024

Двајца минувачи убиени во терористички напад во северен Израел

Двајца минувачи убиени во терористички напад во северен Израел
Тел Авив, 27 март 2022 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а повеќе се ранети во денешниот терористички напад во северниот израелски град Хадера, а спасувачките служби и полицијата соопштија дека напаѓачите се убиени. Двајца Израелци загинаа во терористичкиот напад во Хадера, град меѓу Тел Авив и Хаифа, соопшти во кратката порака Маген Дејвид Адом, израелски пандан на Црвениот крст, соопштувајќи дека се примени шест лица повредени во нападот. -Двајца терористи пукаа во полицајците, но погодија двајца минувачи, соопшти израелската полиција, додавајќи дека специјалните полициски сили ги убиле двајцата напаѓачи. На снимка од надзорната камера во Хадера, објавена од израелските мрежи, се гледа како двајцата напаѓачи пукаат од автоматско оружје на улицата каде што се движат возилата, а потоа одат кон тротоарот. Новинар на АФП видел труп како лежи на земја во Хадера, на местото на настанот. Нападот доаѓа во време кога Израел денеска и утре е домаќин на самит на кој присуствуваат шефовите на дипломатиите на САД, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Мароко, во населба во пустината Негев на југ. сд/

Остани поврзан