• недела, 01 септември 2024

Двајца мажи совладале напаѓач иако биле повредени од него со остар предмет

Двајца мажи совладале напаѓач иако биле повредени од него со остар предмет
Тетово, 16 август 2021 (МИА) - Двајца мажи успеале да совладат 44 годишник кој претходно прво нападнал и ограбил 69 годишник, па со нож ги повредил и нив.  Настанот се случил вчера утро на улицата „29 Ноември“ во Тетово. - Полициски службеници од Полициска станица Тетово го лишиле од слобода О.Ф.(44) од Тетово затоа што околу 08.00 часот од Х.Н.(69) од Тетово одзел пари и со остар предмет повредил две лица кои го спречиле да побегне. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово. Полицијата вчера бележи и приведување поради физички напад на сопругот над сопругата во Камењане кој агресивно се однесувал и кон нивните деца. Од Тетово 49 годишна жена пријавила дека таа дека таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од лице со иницијали А.Е., за што се преземаат мерки за расчистување на случајот. ас/цр

Остани поврзан