• сабота, 23 ноември 2024

Двајца кривопаланчани уапсени поради напад на вработен во угостителски објект

Двајца кривопаланчани уапсени поради напад на вработен во угостителски објект
Крива Паланка, 25 јануари 2022 (МИА) - Две лица од Крива Паланка биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден поради напад на вработен во угостителски објект во градот, каде што демолирале дел од објектот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицата биле уапсени за неполни на два часа по извршеното кривично дело. - На 25 јануари 2022 година, 45 минути после полноќ, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка  ги лишиле од слобода дваесет и три годишниот И.Г. и дваесет и седум годишниот Р.В., двајцата од Крива Паланка. Лицата се лишени од слобода откако на  24 јануари 2022 година околу 23 часот и 30 минути, во угостителски објект на улицата „Илинденска“ во Крива Паланка, физички го нападнале триесет и две годишниот Т.С., вработен во угостителскиот објект.  Двајцата оштетиле и  дел од инвентарот, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Куманово, Ивана Младеновска. По целосно документирање на случајот против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава. ид/цр

Остани поврзан