• недела, 01 септември 2024

Двајца кандидати за градоначалник и четири листи за советници во Општина Пласница

Двајца кандидати за градоначалник и четири листи за советници во Општина Пласница
Кичево, 11 септември 2021 (МИА) - До Општинската изборна комисија во Пласница до вечерва се поднесени кандидатури за градоначалник и четири листи на советници за претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври. - До нашата Изборна комисија во предвидениот рок пристигнаа две кандидатури за градоначалник и тоа на актуелениот градоначалник Алија Јаоски од партијата ДУИ и на Абдулваит Карамалески од Демократската партија на Турците (ДПТ), информираа од ОИК во Пласница. Покрај двете кандидатури за градоначалник, до Комисијата се доставени и четири советнички листи и тоа на ДУИ, со носител Амел Рамески, на СДСМ со носител Садаин Азизоски, на ДПТ со носител Рамазан Деароски и на Партијата за движење на Турците (ПДТ) со носител Менил Мукрем. за/сп/

Остани поврзан