• среда, 25 декември 2024

Двајца загинати во торнадо во Тексас и Оклахома, 250.000 домови без струја

Двајца загинати во торнадо во Тексас и Оклахома, 250.000 домови без струја

Вашингтон, 26 мај 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а голем број се повредени во торнадото што ги погоди американските сојузни држави Тексас и Оклахома.

Торнадото предизвика штети на автопатот што ги поврзува двете држави, како и на домови и далноводи во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250.000 домаќинства без струја.

„Торнадо го погоди округот Дентон во саботата вечерта, а нема извештаи за повредени“, соопштија локалните власти. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан