• петок, 27 декември 2024

Двајца жители од гостиварско Здуње осомничени за илегална продажба на марихуана

Двајца жители од гостиварско Здуње осомничени за илегална продажба на марихуана
Гостивар, 4 јануари 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. До судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар надлежниот обвинител поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.​ Во декември 2020 година, првиот осомничен од засега непознато лице набавил 13,02 грама марихуана, спакувана во 21 помало пакување. Дрогата му ја дал на вториот осомничен со намера да ја препродаде. На 1 јануари, во селото Здуње, вториот осомничен бил затекнат од полициски службеници. Кога се обиделе да му извршат проверка, тој пружил активен отпор и се дал во бегство. Бил стигнат и совладан, па кај него била пронајдена дрогата која веднаш била одземена. ки/сп/

Остани поврзан