• недела, 24 ноември 2024

Двајца демократи исфрлени од Претставничкиот дом поради учество во протести

Двајца демократи исфрлени од Претставничкиот дом поради учество во протести

Вашингтон, 7 април 2023 (МИА) - Републиканците кои го контролираат Претставничкиот дом на сојузната американска држава Тенеси исфрлија двајца демократски претставници кои, како што велат, ги прекршиле правилата со учеството на минатонеделните протести со барање за построга контрола на оружјето.

Републиканците, кои имаат мнозинство во ова тело, гласаа за исклучување на претставниците Џастин Џонс и Џастин Пирсон, двајца млади афроамерикански пратеници.

Обидот да се гласа за исклучување на третата претставничка на Демократската партија, Глорија Џонсон, бела жена која исто така учествуваше на протестот, пропадна бидејќи недостасуваше еден глас.

Пратениците со часови дебатираа за исклучувањето на демократските претставници, што е прва ваква акција преземена без двопартиска поддршка во модерната историја на Тенеси, забележува Би-Би-Си.

Барањето за исклучување на тројцата демократски претставници дојдоа по протестот на кој присуствуваа минатата недела, само неколку дена откако шест лица, вклучително и три деца, беа убиени во пукање во училиштето Ковенант во Нешвил.

Илјадници луѓе се собраа во близина на Парламентот во Нешвил за да ги поддржат тројцата демократи кои учествуваа во протестите барајќи поголема контрола на оружјето, додава Гласот на Америка.

Демонстрантите толку гласно скандираа пред зградата што ја прекинаа работата на седницата. Во Претставничкиот дом на Тенеси има 75 републиканци и 23 демократи. ссм/

фото: принтскрин Твитер

 

Остани поврзан