• вторник, 24 декември 2024

Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан

Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан

Бејрут, 24 септември 2024 (МИА) - Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска потврди дека двајца нејзини вработени биле убиени во израелските напади врз Либан.

-УНХЦР е тажен поради загубата на нашите колеги и изразуваме длабоко сочувство до нивните семејства и најблиски“, се вели во соопштението.

Израелската војска објави дека го убила Ибрахим Мухамед Кабиси, командант на ракетните сили на Хезболах, во воздушен напад врз Бејрут.

Според армијата, тој загинал заедно со другите команданти на тие сили.

Кабиси се приклучи на Хезболах во 1980-тите и имаше неколку важни воени улоги во организацијата. Тој беше одговорен за планирање и извршување на многу напади врз израелски цивили и војници, соопшти израелската војска.

Во објава на Телеграм, Хезболах објави дека ја користел новата ракета Фади 3 во напад на израелска воена база. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан