• среда, 25 декември 2024

Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца

Двајца возрасни и еден малолетник од Струшко осомничени за полови дејствија со деца
Скопје, 25 март 2023 (МИА) - Поради основано сомнение дека сториле кривични дела - Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и 68 години. ОЈО Струга поднесе и барање за поведување подготвителна постапка против еден малолетник.

Дејствијата ги вршел во неговиот и во домот на оштетената, искористувајќи блиски релации и момент кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело  – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него.

Детето во судир со законот, малолетник роден 2005 година, се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче родено 2009 година. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор и за двајцата полнолетни осомничени и за детето во судир со законот, оценувајќи дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците/жртвите или да го повторат делото​. мд/хс/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан