• среда, 13 ноември 2024

Двајцата функционери на „Српска демократија“ пуштени на слобода по приведувањето на мостот во Северна Митровица

Двајцата функционери на „Српска демократија“ пуштени на слобода  по приведувањето на мостот во Северна Митровица

Приштина, 8 август 2024 (МИА) - Лидерот на Српска демократија, Александар Арсенијевиќ и функционерот на таа партија Стефан Вељковиќ се ослободени откако денеска беа приведени во близина на Ибарскиот мост во Северна Митровица поради наводно попречување на полицијата.

Косовската полиција претходно денеска ги приведе бидејќи ги „спречила“ комуналните работници да преминат преку исцртаните српски знамиња кај мостот на Ибар.

„Тие лица и покрај предупредувањето продолжиле со попречување и спречување на завршување на работите, како и да провоцираат и поттикнуваат тензии. Со цел да се смири ситуацијата и да се создадат можности за работа, надлежните полициски единици биле принудени да дејствуваат и ги спровеле двајцата во полициска станица на разговор“, соопштија од полицијата.

По апсењето на функционерите на Српска демократија, група Срби се собраа пред полициската станица на северот на Митровица, барајќи ослободување на приведените.

На почетокот на дебатата „Меѓуетничка соработка, Општински комитет за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ во Собранието на општина Северна Митровица, работниците по налог на општината ги префарбале нацртаните српски знамиња во близина на главниот мост на Ибар, објави претходно РТС. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан