• петок, 27 декември 2024

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Скопје, 7 август 2023 ( МИА) -  На Конкурсот, „Анте Поповски - Антево перо“  пристигнаа 73 поетски збирки кои имаат најразличен поетски израз, од автори од Северна Македонија, Италија и Австралија. Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), во изминатиот период во неколку наврати темелно ги разгледуваше и анализираше пристигнатите збирки, информира тимот од Антево перо.

По завршувањето на Конкурсот, по плодната дискусија, жири-комисијата издвои 12 поетски збирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“ и тоа: Шифра: Magna Mater – „(Ре)инкарнација“, Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Ирена Павлова де Одорико – „Царски рез“, Елизабета Дончевска Лушин – „(не)ПРИПИТОМЕНА“, Коста Бојчески – „До дното“, Љубинка Донева – „Монолог на пирејот“, Милена Сиљаноска – „Болопадание“, Кирил Ангелов – „сновиденија“, Александра Спасеска –  „Координати на болката“, Стела (Маја) Босилковска – „Невидлива е војната“, Томе Липовски – „А што да речам“ и Ѓорги Калајџиев – „Петна“.

Како и изминатите години, така  и оваа година жири-комисијата со особено задоволство одвои простор и за младите автори, коишто зедоа учество на Конкурсот што го распишува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски АНТЕВО ПЕРО. Во поширок избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува на млад автор за поетско творештво на македонски јазик со забележителни поетски квалитети, жири-комисијата издвои 5 збирки поезија и тоа: Матеја Талеска – „Улица на соништата“, Ана Ѓорчевска – „Копнеж по тебе“, Емануела Ковачевска Китановска – „Второ детство“, Светла Јакшиќ – „Ноќен суфлер“ и Александра Атанасова – „Душебол“. 

Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“, изразува  благодарност до сите учесници што се одзиваа на Конкурсот за шестото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик. љм/са/

Фото: Анте Поповски - Антево Перо

 

Остани поврзан