• недела, 24 ноември 2024

Дванаесет земји-членки на ЕУ против изградба на израелски станови во Западен Брег

Дванаесет земји-членки на ЕУ против изградба на израелски станови во Западен Брег
Берлин, 28 октомври 2021 (МИА) - Германија заедно со уште 11 земји-членки на Европска Унија денеска апелираше Израел да ја блокира одлуката за изградба на 3.000 станбени единици во Западен Брег. Во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Белгија, Германија, Данска, Ирска, Италија, Норвешка, Полска, Холандија, Финска, Франција, Шведска и Шпанија, се наведува дека се против ширење на населбите на окупираните Палестински територии. - Ги повикуваме две страни да преземат чекори за подобрување на соработката и за намалување на тензиите, се истакнува во заедничката изјава. Израел претходно најави дека ќе изгради околу 3.000 домови за еврејските населеници во Западен Брег, на што се спротивставува и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. ми/

Остани поврзан